Фото: „Нова Македонија“

Приведени се петмина вработени во општина Тетово, по наредбата на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за отворање истрага против осум лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување.

-Во текот на денешниот ден се приведени пет лица од општина Тетово, додека полицијата сѐ уште трага по едно лице. Станува збор за незаконска легализација и приватизација на атрактивно земјиште – соопшти Рускоска.

Од Обвинителство откриваат дека првообвинетиот, во тоа време како одговорно лице-претседател на Спортско здружение во Тетово, незаконски отпочнал постапка за легализација. Додаваат дека, исто така по нелегален пат, другите осомничени службеници ја продолжиле постапката сѐ до носење одлука за утврдување на правниот статус за бесправно изградениот објект.

Надлежните сѐ уште трагаат по Зоран Теофиловски, член на Судскиот совет, кој денеска не се појави на седницата на Советот.