Полицијата вчера привела девет лица кои биле дел од навивачка група составена од околу 25 луѓе.
Од нив пет се на возраст од 18 до 22 години, додека останатите четворица се малолетници.
Тие, како што јави МВР, на плоштадот Македонија, во близина на Камени мост, фрлале со тврди предмети кон полициски службеници поради тоа што не им било дозволено да преминат преку мостот. Исто така, на „Кеј 13 Ноември“ тие физички нападнале други четири малолетници, сите од Скопје.
За настанот е известен јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, велат од полицијата.