Охридската полиција вчера привела тројца градежни работници затечени како работат на градилиште што претходно било запечатено и означено како бесправна градба, објави Макфакс.
– Вчера, овластениот градежен инспектор при општина Охрид, поради продолжување на градењето нелегален објект на улицата Марко Нестороски, кој претходно беше означен и запечатен, побара асистенција од СВР Охрид. Во акцијата СВР Охрид, поради постоење основи за сомнение за изведување бесправна градба, приведе тројца градежни работници, кои работеле на изградбата на нелегалниот објект на улицата Марко Нестороски – соопшти општина Охрид.
Од општината нагласуваат дека вчерашниот настан покажува дека локалната самоуправа е цврсто определена брзо и ефикасно да се справи со дивоградбите и апелираат до граѓаните да со почитуваат законите и да не почнуваат нелегални градби.
– Контролите за нелегално градење ќе се интензивираат, а во нив ќе бидат вклучени СВР Охрид и другите надлежни државни институции – најавуваат од општина Охрид.