Полицијата приведе 51-годишна прилепчанка за нелегално поседување оружје.
Според информациите на МВР, денеска во Скопје, по претходно добиени оперативни информации, полициски службеници оја приведоа Д.А. (51) од Прилеп поради нелегално поседување огнено оружје.
При извршен преглед, кај Д.А. е пронајден пиштол „застава“ со пет куршуми и две рамки. По документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.