63-годишен скопјанец бил приведен откако истражните органи за него распишале централна потерница.
Од Министертсвото за внатрешни работи известуваат дека денеска во 14:10 часот, од страна на полициски службеници од Сектор за меѓународна полициска соработка – Отсек за потрага, врз основа на издадена централна потерница од МВР и добиена судска наредба, на ул. Ѓорче Петров е лишен од слобода Р.С.(63) од Скопје, за издржување казна затвор од две години казниво по Кривичниот законик.
Лицето со иницијали Р.С. бил предаден во полициска станица за понатамошна постапка.