Полициски службеници синоќа во 22 часот на клучката Миравци, запреле патничко возило „Алфа Ромео“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Б.(35) од село Трубарево, скопско, кој превезувал мигранти.
– По запирањето, возачот Д.Б. почнал да бега, но набргу потоа бил пронајден и лишен од слобода. Во возилото биле пронајдени 10 лица-мигранти од Ирак, Aвганистан, Пакистан и Иран, кои биле приведени во полициска станица-соопшти МВР.
По целосно документирање на случајот против Д.Б. ќе биде поднесен соодветна кривична пријава.