Прилепската полиција денеска поднесе кривична пријава до ОЈО Прилеп за сторено кривично дело „обљуба со злоупотреба на положбата” по член 189 од КЗ на РМ, против Р.П.(46) од Прилеп.
Како што инфирнираат ид МВР, лицето било пријавено од родител дека извршил обљуба врз негова ќерка, 15-годишна малолетничка.
Од страна на судија на претходна постапка определена му е мерка притвор во траење од 30 дена во КПУ Битола. Ка.М.