Вчера во 16.35 часот во Радовиш, полициски службеници од Полициската станица Радовиш го привеле В.А.(41) од Радовиш, затоа што при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени марихуана и таблети. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти полицијата.