Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Кичево, спроведе акциска контрола на возачи кои управуваат со брзина поголема од дозволената. Притоа е констатирано дека 29 возачи управувале со поголема брзина од дозволената и за сите биле изречени соодветни санкции. Акциската контрола во Кичево е спроведена вчера во периодот од 12 до 18 часот. З.A.