Полицијата ги приведе A.J.(37), И.Н.(34) и И.Д.(36), поради постоење основано сомнение дека се сторители на кривично дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги.
– По претходно добиена наредба за претрес на дом и помошни простории, извршен е претрес во неколку објекти на подрачјето на ОВР Свети Николе, при што била пронајдена и одземена поголема количина на марихуана – соопшти МВР.
По насока на Јавен обвинител против лицата ќе биде поднесен соодветен поднесок.