Полицијата вчера приведе 32-годишен сопственик на угостителски објект во селото Добридол, Гостиварско, поради сомнение дека сторил кривично дело непостапување според здраствените прописи за време на епидемија.
По претходна пријава, полициски службеници и инспектор од Државниот пазарен инспекторат Гостивар извршиле контрола во угостителскиот објект, кој од претходно бил затворен од ДПИ – Гостивар, при што во објектот биле затекнати повеќе лица кои присуствувале на семејна веселба.
По целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни пријави, велат од МВР.