Седуммина од патниците успеале да се спасат кршејќи ги стаклата од прозорците во автобусот откако се слушнала експлозија, кажа премиерот Зоран Заев во изјава за бугарските медиуми, по неговиот разговор со еден од повредените во автобуската несреќа во Бугарија, во која според првичните информации загинаа 46 лица.
– Имаме информација дека 12 од патниците се деца помали од 18 години. И другите се млади од 25 до 30 години. Знаеме дека се враќале од Турција – истакна Заев, кој замина за болницата „Пиргов“, каде што се сместени повредените.
Според првите информации, автобусот е на фирмата „Беса транс“.