Патничко возило „Ауди“ управувано до К.К (33) вчера удрило во 11- годишно девојче, кое од ударот се здобило со тешки телесни повреди, информира МВР.
-На 17.02.2019 година околу 13.50 часот на улица „Алексо Демниевски“ во Велес, патничко возило „Ауди“ со велешки регистарски ознаки, управувано од К.К.(33) од Велес, удрило во 11-годишно девојче од Велес- е наведено во дневниот билтен на МВР.
Девојчето се здобило со тешки телесни повреди и е пренесено во општата болница Велес. Увид на местото извршила екипа од СВР Велес.