Државјанин на Турција вчера со патничко моторно возило „форд фокус“ прегазил пешак во Скопје.
Од МВР информираат дека несреќата се случила околку 20.30 часот кога лицето Д.А.(23) од Турција кое управувало со автомобилот удрило во пешакот В.Л.(65) од Скопје.
По незгодата со возило со Итна медицинска помош В.Л. била пренесена во комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде и биле констатирани тешки телесни повреди.
Извршен бил увид на местото на настанот и се работи на целосно расчистување на случајот.