Велосипедист почина, откако бил удрен од автомобил на регионалниот пат Куманово-Свети Николе.
Несреќата се случила вчера околу 17:40 часот, кога патничко возило „Опел корса“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Д.А.(47) од Куманово, удрило во велосипедистот Т.С.(70) од село Стањевци, светиниколско.
Т.С. починал на местото на настанот, а смрт била констатирана од лекар од Јавната здравствена установа Свети Николе.
Увид на местото извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Свети Николе.