Млада девојка вчера била пронајдена почината во изнајмен апартман во Стар Дојран.

Според информациите од МВР, се работи за 25-годишната Д.Ќ. од Скопје, која во апартманот пристигнала истиот ден со С.Т. (25) исто од Скопје.

Од итна медицинска помош Гевгелија потврдена е смртта без знаци на насилство. Увид на лице место извршила увидна екипа на Надворешна канцеларија за криминалистички работи Гевгелија, а по наредба на јавен обвинител телото на починатата е предадено на обдукција.


Маж се задушил до смрт во подземен резервоар за вода

Жител на село Колари починал откако се задушил во подземен резервоар за вода во неговиот двор. Случајот го пријавил Л.Џ. од село Зајас, кој го забележал А.З. паднат и без знаци на живот.

Од полициски службеници е излезено на лице место и констатирано е дека А.З. вчера околу 16 часот влегол во подземен резервоар за вода во неговиот двор, но поради недостаток на кислород дошло до задушување. Од екипа од медицински центар Кичево констатирана е смрт без траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.