Педесет и седумгодишен жител на Свети Николе вчера бил пронајден починат во куќа во која моментално престојувал, на улицата „Ванчо Ангелов“ во Свети Николе.
Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Свети Николе, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено за обдукција.