На денешното судење за предметот „ТНТ”, не дојде обвинетиот Тони Трајковски.
Утринава бил доставен поднесок од Јовица Страшковски, адвокат на поранешниот градоначалник на Општина Гази Баба, Тони Трајковски, во кој се тврди дека неговиот клиент синоќа бил претепан со видливи повреди на главата и телото. Тој бил пренесен на Ургентниот центар во Скопје, соопшти судијата Огнен Ставрев, читајќи го поднесокот на адвокатот.
– Во 6.30 часот Трајковски бил пренесен во болница, имал хематом, со видливи повреди – кажа адвокатот.
„Колегата Осман и јас стапивме во контакт со надлежниот доктор, но по телефонско јавување, докторот ни објасни дека е во добра општа состојба и на пат е кон дома. За еден час ако не дојде, ќе го приведеме стражарно – рече судијата Ставрев и даде еден час пауза.
Предметот „ТНТ“ се однесува на уривањето на станбено-деловниот комплекс „Космос“ на бизнисменот Фијат Цаноски. Меѓу обвинетите се поранешниот премиер Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, како и поранешниот градоначалник на општина Гази Баба, Тони Трајковски.
Според обвинението, тие во 2011 година сториле кривично дело од политичка омраза со уривање на комплексот „Космос“ на Фијат Цаноски.