Сообраќајот на автопатот Градско-Велес од 17.32 минути е затворен за сообраќај поради сообраќајна незгода и се одвива по регионалниот пат Градско-Велес, информира АМСМ.
Оттаму посочуваат дека сообраќајот на останатите државни патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде се бележи појава на утринска магла, а исто така зголемена е и можноста од појава на одрони.