Пожарот што избувна кај селото Раовиќ во општината Сарај е се’ уште активен, каде гори мешана шума.
Во текот на вчерашниот ден беше извршена комплетна претрага и догасување на постоечките жаришта, а како поддршка се приклучи и Црногорскиот хелихоптер со 12 налета испуштајќи голема количина на вода. Сепак, најверојатно се работи за специфично земјиште кое и покрај 17 тона кои вчера беа фрлени врз овој пожар, не се успеа целосно да се изгаси, велат од Центарот за управување со кризи.
Пожарот помеѓу селата Барово и Вешје, во општина Демир Капија, каде гори нискостеблеста мешана шума е повторно активен и во текот на вчерашниот ден беше ставен под контрола. Од 5.00 утрово на терен интервенираат 5 пожарникари со 2 возила од ТППЕ Неготино, ШС Демир Капија и група месно население.
Состојбата со пожарот кај селото Горно Мелничани е непромената, односно пожарот е се’ уште активен. Oд утрово во гаснењето се вклучени два хеликоптера, кои со вода се снабдуваат од Дебарското Езеро.
Повторно е активен и пожарот во атарите на селата Ракле-Никодин-Топлица, општина Прилеп. Гори кракот од с.Ракле према с.Крстец. Рано утрово на терен се ипратени 1ПП возило со 4 пожарникари и 5 вработени од НШ ,,Црн бор“-Прилеп. Пожарот е на тешко пристапен терен.
Пожарот помеѓу селото Црвена Вода и планинарскиот дом Китка, ( Општина Студеничани ) е под контрола.
Исто така и пожарот на планината Кожув кај м.в Круша е ставен под контрола. На терен утрово е излезена екипа на ТППЕ Гевгелија и ШС Кожув.