Пожарот кај Пехчево е активен и сериозен и може да се прошири на уште поголема површина. Жителите на градот апелираат за помош преку споделување видеа и фотографии од големите површини кои се зафатени од пожарот.
Од територијата на Општина Пехчево, огнот се шири кон Берово. Беровскиот гадоначалник, Звонко Пекевски, алармираше за ситуацијата и побара од населението да помогне и да се вклучи во гаснењето на пожарот.
– Ситуацијата со пожарот, кој избувна во атарот на општина Пехчево е исклучително сериозна и полека но сигурно се префрла и на територијата на општина Берово, кон најблиските села. Пожарот е високо на шумските предели на селата, но се шири на голема површина.На терен се ТППЕ од Берово и Пехчево како и Шумското стопанство, Центарот за управување со кризи и ДЗС. Се апелира до месното население, кон масовно вклучување во гаснењето на пожарот, како би се намалиле последиците и штетите би биле помали. Ви благодариме доколку доброволно се вклучите во гаснење на пожарот! – напиша Пекевски на неговата Фејсбук страница.