Пожарот што попладнево избувна во близина на каналот во Лисиче на ул. „Гаврил Константиновиќ“ е изгаснат, по интервенцијата на четири возила со 11 пожарникари.
– Пожарот е комплетно ликвидиран. Во моментов се прави обиколка и контрола на теренот. Зафатена е сува трева од еден хектар и 20-ина половни возила растурени за делови, изјави Мирослав Беслаќ, заменик-командир на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје.
Причината, рече тој, засега е непозната, но најверојатно е од човечки фактор. Пожарот бил пријавен во 14.35 часот.