Три противпожарни возила, екипи на Национални шуми и локалното население се справуваа со пожарот кој избувна вчера во попладневните часови во атарот на скопското село Мршевци, според информациите во повеќе медиуми.
Огнот се ширел и кон соседното село Дељадровци, а според првичните информации гореле сува трева на непристапен терен и нискостеблеста шума.