Пожар избувнал во новиот објект на Народна банка кој се гради на улицата „Филип Втори“. Пожарот настанал синоќа околу 19.40 часот поради што интервенирала Противпожарна единица.
Од МВР информираат дека пожарот е целосно изгаснат околу 20.10 часот, а опожарена била пилевина.