Изутринава околу 5 часот на обиколница во близина на клучка Радишани, З.П. (30) од село Одри, Тетово со автомобил удрил во полициско возило во кое имало двајца полициски службеници.
Полициските службеници се здобиле со повреди и се пренесени во комплекс клиники Мајка Тереза, а возачот во ГОБ Св.Наум Охридски.
Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје и јавен обвинител.