Во Тетово вчера околу 19.20 часот биле повредени двајца пешаци, откако во нив удрил автомобил.
Од МВР информираат дека во Тетово на булеварот „Благоја Тоска“ патничко моторно возило „Сузуки марути“ со тетовски регистерски таблици, управувано од О.М.(22) удрило во пешаците Х.М.(19) и А.Р. (25) од Тетово.
Повредените пешаци со истото возило биле пренесени во тетовската клиничка болница. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Тетово и се работи на целосно расчистување на случајот.