Гостиварка земала пари од банкомат, кој со задоцнување ги исфрлил парите на друга жена. Според информациите, обвинетата стоела во ред за банкомат зад оштетената која повлекувала пари.
При обидот да повлече пари клиентката, банкоматот задоцнил, па сумата од 15.000 денари ја исфрлил со задоцнување. За тоа време оштетената се оддалечила, а обвинетата веднаш зад неа ги зела парите и наместо да пријави, си заминала. Со ова на оштетената и била нанесена штета од 15.000 денари.
Против 43-годишна жителка на Гостивар, Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Предлог за издавање казнен налог за кривично дело – Кражба од член 235 став 1 од Кривичниот законик.