Дваесет и четиригодишна девојка, која била под дејство на алкохол, нападнала член на обезбедувањето и полицаец во дискотека во Скопје.
Според информациите од полицијата, вчера во 05,45 часот во Полициска станица Карпош била приведена Т.Н.(24) од село Стајковци,скопско, бидејќи околу 02,15 часот во дискотека во Скопје физички нападнала лице од обезбедувањето, а при обид за нејзино легитимирање физички нападнала и полициски службеник.
Т.Н. била во алкохолизирана состојба. По документирање на случајот, против неа ќе биде поднесен соодветен поднесок.