Полицијата откри работилница за фалсификување пари во тетовското село Долна Лешница.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Џ.Б.(44) од с.Долна Лешница, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување пари“.
На 12 март, полициски службеници извршиле претрес во домот и помошните простории на пријавениот, при што пронашле две чанти и неколку коверти со поголема количина на разновидни банкноти – евра, швајцарски франци и кувајтски динари, како и повеќе заштитни маркици-холограми, односно фолитска лента со логото евро, хартија-хамер А4 формат на која се печатени дел од банкнотите и други предмети.
На осомничениот му е одреден притвор.