Полицијата го приведе Х. П. (18) од селото Љубин, Скопско, поради напад.
„Синоќа, по претходна расправија, Х. П. физички го нападнал Е. К. (45) од Скопје и му нанел повреда со остар предмет. Х. П. се сомничи дека на 6.10.2021, со уште неколку лица, физички го нападнал и малолетниот син на Е. К.. По целосно документирање на случајот, против Х. П. ќе биде поднесена пријава по член 131 од Кривичниот законик“, велат од МВР.