Тука сум да ја олеснам комуникацијата меѓу семејствата и институциите во Бугарија, за побрза идентификација на телата, истакна министерот за надворешни работи Бујар Османи, во утринската изјава пред болницата „Пирогов“, каде се сместени преживеаните од сообраќајната несреќа во Бугарија.
Моментално во болницата се наоѓаат седуммина од патниците, од кои пет се македонски државјани, еден е српски државјанинин и едно лице е од Белгија.
– Мислам дека институциите во Бугарија ја имаат започнато истрагата. Тука се и нашите експерти доколку треба да помогнат – додава Османи.
Тој нагласи дека е важно семејствата да бидат информирани, со цел брзо завршување на процесот за пренесување на останките во Скопје. Се очекува министерот да остане во Софија и утре.