Продолжението од судскиот процес во случајот „Транспортер “ кој деновиве беше прекинат ќе се одржи на 27 април.
До тогаш Општината Битола треба да го прецизира оштетното побарување кое го побарала од инволвираните во „Транспортер”.
Иако пред тоа Општината Битола наводно со писмени известувања до државното јавно Правобранителство не барала оштетно побарување, на последното рочиште овластениот преставник на Општината го известил судскиот совет дека Општината Битола има оштетно побарување.
Поради таквото барање судскиот процес беше прекинат и презакажан за 27 април.
Ваквото барање на Општината според извори на Нова Македонија може да доведе до прекин на „бесплатниот “ превоз на учениците од страна на автопревозните претпријатија, кои биле изненадени од таквото барање.
Во наредните денови се очекува автопревозните претпријатија да одржат состанок и да се договорат дали ќе ги возат учениците повеќе или не, бидејки од случајот „Транспортер” тие досега претрпувале огромни штети.
М.М.