Две патнички возила утринава биле опожарени на паркинг на булеварот „Јане Сандански“ без број, зад ортопедската клиника „Мајчин дом“ во Аеродром.
Во пожарот целосно изгорел автомобил, „шкода фелиција“, а делумно бил опожарен „форд фиеста“.
Во гаснењето на пожарот учествуваа четири пожарникари со едно возило.
Причинета е материјална штета од 300 илјади денари. Полицијата ќе прави увид.