Автомобилот на пејачката и водителка Сузана Турунџиева бил опожарен изутринава околу 3 часот. Огнот го зафатил и возилото на пејачката Ребека Јанковска-Ристески.
– На 16 јануари околу 3 часот по полноќ во СВР Скопје пред трговски центар на булевар „8-ми септември“ бил пријавен пожар во патничко моторно возило „мини купер“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на С.Т.(51) од Скопје, а огнот зафатил и патничко моторно возило „шевролет орландо“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Р.Ј.Р.(49) од Скопје – информираат од скопската полиција.
Пожарот е изгаснат од противпожарната единица од Скопје. Полицијата ги утврдува причините за пожарот.