Одложено е судењето за случајот „Транспортер“ во Апелациониот суд во Скопје, каде што денеска требаше да почне расправата на отворена седница. За ваквата одлука, обвинетите беа известени доцна синоќа од страна на службите на Апелциониот суд.
По цели пет години од отворањето на случајот „Транспортер”, судечкиот совет на 31 март 2020 година донесе првостепена пресуда со која го осуди поранешниот градоначалник на Битола, Владимир Талески, на осум години затвор, за проневера на
околу 360.000 евра, заедно со уште 20 лица кои се прогласени за виновни за различни кривични дела.
Судот сметаше дека обвинетиот Талески го сторил кривичното дело злоупотреба на службената положба и овастување. На казна затвор од 6,5 години беше осуден и екс секретарот на Општината, Слободан Бончановски. По изрекувањето на пресудите ним судот им одреди мерка куќен притвор.
Судијаката Добрила Кацарска пресуди единаесет правни субјекти да вратат над 34 милиони денари во случајот „Транспортер”. На 10-мина од обвинетите, поточно на директорите на основните и средните училишта изречена им е условна казна затвор, а условна казна затвор им беше изречена и на двајца управители на автотранспортни фирми.
На изречените пресуди од страна на Кривичниот суд во Скопје се жалеа сите, и осудените и обвинителите. Додека осудените во овој случај бараат ослободителни пресуди или повторување на судењето, обвинителите се жалат на висината на изречените казни. М.М.