Одбраната на поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков кој синоќа беше притворен, најави дека во текот на денов ќе поднесе жалба, бидејќи смета дека без да се повика и сослуша обвинетиот е недозволиво да му се одреди мерка притвор.
– Законот за кривична постапка наведува дека секое лице мора да биде повикано и сослушано и после неговата изјава да биде одредена мерка притвор, изјави Антонио Апастолски, еден од адвокатите кои го бранат Мијалков.
Појасни дека Мијалков е притворен со образложение дека постои опасност за бегство.