Поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков, не договарал набавка на опрема за потребите на УБК во јули 2010 година во Лондон, како што истакна неговата одбрана во завршните зборови за случајот „Трезор“, на денешното рочиште во Кривичниот суд Скопје.
– Целото обвинение е конструкција. Не е точно дека Мијалков договарал со компанијата ГАМА за било каква опрема на УБК при МВР, од 7 јули до 9 јули 2010
Покрај поранешниот директор на УБК, во „Трезор“ обвинети се и поранешниот шеф на неговиот кабинет Тони Јакимовски, поранешниот помошник-министер во МВР, Небојша Стајковиќ, и поранешениот началник на Петтата управа во МВР, Горан Грујевски. Тие се товарат за злоупотреба на службената положба и овластувања и предизвикување штета на Буџетот во висина од 862.045 евра за набавката на електронско-комуникациска опрема за потребите на Петтата управа при УБК и обука за нејзино користење од фирма од Велика Британија.