Непознати лица ограбиле манастири и цркви во периодот од 3 до 6 јуни, соопшти МВР.
Во период од 03.06 до 06.06.2020, тие влегле внатре и извршиле тешка кражба во манастирот „Успение Пресвета Богородица“ во атар на с.Суводол, во манастирот „Св.Тома“ во атар на с.Граиште, и во црквата „Константин и Елена“ во атар на с.Вардино-Демир Хисар, при што одзеле пари.
Се преземаат мерки за расчистување на случаите.