По дојава од страна на МВР вчера во 08:45 часот е пронајдено неексплодирано убојно средство, што е извадено при ископ на земја зад старата Железничка станица од страна на градежна фирма.
-Од страна на пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување, направен е увид на лице место на стариот пат кон село Батинци и констатирано е дека станува збор за авионска бомба од 250 килограми или 500 либри, со должина од 1.20 метар и широчина од околу 40 сантиметри. Во моментов се прават сите подготовки согласно стандардно-оперативната процедура за нејзино уништување на лице место, соопштуваат од ДЗС.
Од ДЗС информираат дека утре ќе се преземат мерки и активности за подготовка на просторот за нејзино уништување.