Некои служби се подобри од другите, а за тоа е пресуден начинот на кој се справуваат со проблемите
Тајните служби или службите за разузнавање на секоја држава се првата борбена линија против потенцијални интерни или екстерни закани. Нивна задача е собирање податоци, шпионажа, советување на владите кога е во прашање националната безбедност, ширење информации, а во неопходни и екстремни случаи дури и извршување убиства. Некои служби се подобри од другите, а за тоа е пресуден начинот на кој се справуваат со проблемите.
Централна разузнавачка агенција (ЦИА)
Централната разузнавачка агенција на Соединетите Американски Држави собира информации од секаде во светот. Тава е најпознатата тајна служба, која лесно се препознава, благодарение на многубројното појавување во холивудските филмови. Формирана е во 1947 година, со што таа е најстарата, односно прва модерна разузнавачка служба во светот. ЦИА набљудува сѐ што може да влијае на САД, особено тероризмот и нуклеарното оружје, како и оружјето за масовно уништување. Оваа служба се справува и со сајбер-опасности.
Агентите на ЦИА реализираат и паравоени операции, а е доста позната, особено поради вмешаноста во голем број скандали во минатото.
Министерство за државна безбедност Кина
Формирано во 1983 година во сегашниот формат, Министерството за државна безбедност е тајна служба на Кина. Има 17 познати канцеларии, а главното седиште е во Пекинг. Оваа служба игра главна улога во цензурирање на интернетот во Кина, а со самото тоа и држењето на населението во изолација од информации од светот се дозволува селективно. Службите одлучуваат кои и какви информации ќе му бидат достапни на народот.
Ова министерство исто така е задолжено за внатрешни проблеми, како на пример спречување што било што може да го натера населението на бунт против владеењето на комунистичката партија. Министерството е најмногу инфилтрирано во економска шпионажа, наводно преку најдобриот кинески производител на телефони „Хуавеи“, кој е обвинет за собирање информации од целиот свет преку неговите мобилни мрежи. Ефективното, ефикасното и одличното вршење на работата на оваа тајна служба се должи на сто илјади вработени во Министерството.
Тајната служба на Австралија
Лоцирана во Канбера, австралиската тајна служба се справува со надворешни проблеми и комуницира со други слични служби низ светот.
Формирана е во 1952 година, а јавноста дознала за нејзиното постоење дури во 1972 година, кога австралискиот весник „Дејли телеграф“ дознал за нејзиното работење и објавил строго доверливи чувани информации. Оваа агенција била вмешана во голем број инциденти во минатото. Еден од најпознатите е инцидентот во Папуа Нова Гвинеја, кога тајната служба се обидувала да ги потисне движењата за независност.
Канадската служба за безбедност
Канада е една од најбезбедните држави во светот. Најголемите заслуги за тоа се токму на канадската служба за разузнавање, која е главна агенција од тој вид во државата. Оваа служба се справува со сѐ што е поврзано со канадската национална безбедност. Собира информации, реализира доверливи операции и ја советува Владата за потенцијални безбедносни закани. Оваа служба е и претставник на Канада во „Петте очи“, сојуз на тајни служби помеѓу Соединетите Американски Држави, Обединетото Кралство, Австралија и Нов Зеланд. Оваа тајна служба се смета за најголемата шпионска алијанса на сите времиња. Канадската тајна служба е лоцирана во Отава, собира информации од целиот свет и потиснува секаква опасност за нејзините граѓани или за самата држава. Сепак, оваа тајна служба важи за доста агресивна кога станува збор реализирање активности во името на националната безбедност.
Директорат за надворешна безбедност на Франција
Работејќи под Министерството за одбрана на Франција, Директоратот за надворешна безбедност се занимава со справување со внатрешни и надворешни опасности за националната безбедност на Франција. Француската служба се занимава со секаков вид активности поврзани со националната безбедност, вклучувајќи и шпионажа и разни операции. Сите активности се држат во тајност и подалеку од очите на јавноста. Оваа служба играла огромна улога во цивилната војна во Руанда во 1990-тите години. Имала задача да шири лажни информации, кои воделе до зголемено француско влијание за време на последните стадиуми на војната.
Оддел за истражување и за анализа на Индија
Разузнавачката служба на Индија, позната како Оддел за истражување и за анализа, има име што воопшто не асоцира на тајна служба, или служба за разузнавање. Но, сепак, името не треба да залажува. Станува збор за една од најдобрите разузнавачки служби во светот. Формирана е во 1968 година, за да се справува со надворешни опасности. Игра огромна улога во заштитата на Индија од терористички напади и набљудување на другите држави чиј напредок би можел негативно да влијае на Индија.
Оваа служба е екстремно тајна. Не се познати никакви активности ниту, пак, операции за нејзиното дејствување, што всушност е одлично, затоа што тоа значи дека си ја врши својата работа одлично. Тајната служба на Индија се координира со другите тајни служби, а свои службеници има стационирано насекаде во светот, а посебен мониторинг има пакистанската нуклеарна програма.
Федерална служба за разузнавање на Германија
Федералната служба за разузнавање на Германија е формирана во 1956 година и директно одговара пред германскиот канцелар. Бидејќи станува збор за единствена разузнавачка служба во земјата, таа е одговорна и за собирање цивилни и воени податоци. Задолжена е за детектирање на сите закани кон германските интереси и национална безбедност. Собира информации за тероризам, нуклеарно оружје и друг вид оружје за масовно уништување, организиран криминал, дрога или трговија со луѓе, како и нелегална миграција.
Оваа служба најчесто работи шпионирајќи ги електронските уреди. Се смета дека оваа служба има и очи и уши на главните комуникациски линии, без никаков осет за приватноста.
Служба за надворешно разузнавање на Русија
Службата за надворешно разузнавање на Русија е цивилна тајна служба за разузнавање на Руската Федерација. Наследник е на старата служба за разузнавање на Русија, КГБ (Комитет за државна безбедност). Собира податоци надвор од државата, врши шпионажа, вклучувајќи воена економска шпионажа, и врши електронски надзор на другите држави. Лоцирана е во Москва, а се пишува дека е вмешана во голем број убиства и е задолжена за интернет-дезинформации.
Соработува со кинеските служби, а во последните години е обвинувана за наводно мешање во изборите во САД, при изборот на Доналд Трамп за претседател.
Разузнавачката служба МИ 6
Тајната разузнавачка служба на Велика Британија е позната како МИ6. Таа е втората најпопуларна служба благодарение на филмовите со Џејмс Бонд. Оваа служба се занимава со надворешните опасности, оставајќи ѝ ги внатрешните на МИ5. МИ6 собира и анализира податоци од целиот свет. Се фокусира на податоци поврзани со тероризам, нуклеарно оружје, трговија со дрога, организиран криминал и други активности што се опасност за Обединетото Кралство, националната безбедност и жителите. Исто така соработува со другите служби за разузнавање.
Мосад – Израел
Мосад е служба за разузнавање на Израел и е една од најдобрите во светот. Како и другите служби, така и оваа се занимава со надворешните опасности. Собира информации од секаде во светот и се фокусира на сѐ што може да претставува опасност за националната безбедност на Израел. Таа има сопствена терористичка единица. Јавноста многу малку знае за оваа служба. Соработува со слични служби од држави од Средниот Исток, а главна преокупација ѝ е нуклеарната програма на Иран.