Четири непознати лица завчера физички нападнале 17-годишно лице на улица „Крсте Мисирков“ во Скопје.
Случајот во Полициската станица Бит пазар го пријавил таткото на седумнаесетгодишното момче на 23 април.
Според пријавата момчето било нападнато околу 21 часот на автобуска постојка на булеварот „Крсте Мисирков“ при што непознатите лица го удирале со боксови во пределот на главата.
Се работи на целосно расчистување на случајот.