Седумдесте и двегодишна скопјанка била физички нападната од нејзиниот поранешен партнер бидејќи одбила да ја продолжи врската со него.
Од МВР информираат дека вчера во 10.15 часот во СВР-Скопје, Т.Д.(72) од Скопје пријавила дека на 08.02.2019 година во 20 часот во нејзиниот стан дошол В.Ц. (68), со кого претходно била во врска и физички ја нападнал откако одбила да ја продолжат врската.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.