Осумнаесетгодишна скопјанка пријавила во полиција дека доцна синоќа била физички нападната на паркингот на Средно Водно.
Според пријавеното, нападот го извршила 33-годишна жена со иницијали Е. Е.
Од полицијата информираат дека направен е записник за констатиран прекршок по член 12 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.