Двајца маскирани разбојници ноќеска упаднале во куќа во кичевското село Србица и откако го врзале сопственикот на куќата и неговата сопруга, ги ограбиле.
Како што информираат од МВР, настанот се случил во домот на И.И. (67).
Разбојниците им ги одземале мобилните телефони, женски чанти, платежни картици и паричници, по што го напуштиле местото на настанот.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и расчистување на случајот.