Убиецот сакал да разговара со сопругата, што таа го одбила, пред да ја избоде до смрт во австриски Тулн, пишуваат локалните медиуми, откривајќи нови информации за злосторството.
Македонскиот државјанин што е уапсен за убиството, наводно, ја малтретирал сопругата и честопати ѝ се заканувал, по што полицијата морала да интервенира во повеќе наврати, соопштија локалните власти.
Тој синоќа ја сменил профилната фотографија на социјалната мрежа Фејсбук, а 13 часа подоцна бил на местото на злосторството, чекајќи ја својата 32-годишна сопруга. Триесет и шестгодишниот маж, наводно, имал и проблеми со коцкањето.
Осомничениот е притворен, а се појавија и неофицијални информации оти „начелно го признал злосторството“.