Речиси цела трибина навивачи имаше во салата „Јане Сандански“ на мечот меѓу МЗТ-Еуро Никел, иако присуство на навивачи не е дозволено на натпревари во затворени сали.
Навивачите беа во салата од почетокот на натпреварот, а интервенираше и полицијата која во салата беше присутна во мал број.
Непознато е кој дозволи навивачитe да влезат на трибините, а натпреварот беше прекинат. Ова следува откако полицијата се обидуваше да воспостави ред и да ги спроведе протоколите, односно со опомени да ги извади навивачите надвор. Но, безуспешно. Нема информација дали се изречени и казни.
Ова е првиот натпревар од последната сесија на првата македонска кошаркарска лига. МЗТ е домаќин на натпреварот, а сопственик на клубот е општина Аеродром.