Жител на Градско вчера дошол во дворот на А.С. (лице со здравствени проблеми) на ул. Борис Трајковски и му дал 1.000 денари за да гласа за одредена политичка партија.
Од страна на полициски службеници извршен бил разговор со П.Е., старател на А.С. и со потврда банкнотата билa одземена. Бил извршен разговор и со П.А., а СВР Велес презема мерки за целосно расчистување на случајот.