Маж со прострелна рана во главата утрово бил пронајден мртов.
Неговото тело било пронајдено во скопската населба Маџари, под трибините на стадионот „Борис Трајковски“.
Лицето кое било на 34-годишна возраст е идентификувано, а смртта ја констатирал доктор од итната медицинска помош.
Покрај телото бил пронајден пиштол.