Шеесет и четиригодишен маж ноќеска бил пронајден мртов во автомобил паркиран на локалниот пат с.Петровец, кон сelo Дрма, кај патоказните табли за влез во општина Петровец.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство и било утврдено дека се работи за лицето Д.Л.(64) од Скопје. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција.