Дваесет и шестгодишен мотоциклист се здобил со тешки повреди откако излетал од патот Ќафасан – Струга и удрил во дрва.
Според информациите на МВР, несреќата се случила вчера околу 19 часот кога М.М.(26) од село Франгово, струшко, со мотоцикл „Сузуки“ со швајцарска национална ознака, изгубил контрола, излетал од коловозот и удрил во дрва покрај патот.
Тој се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Медицински центар Струга за укажување лекарска помош.
Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Струга.